Customize

MACEDONIAN TU, МАКЕДОНИЈА

Discussion in 'Translation and Text Composition Projects' started by Anonymous, Jun 25, 2009.

  1. Anonymous Member

    MACEDONIAN TU, МАКЕДОНИЈА

    I am starting a translation project of anti Scn materials.

    So I am asking from anyone, macedonian or not, to send over here text and links which you think are suitable for starter package for macedonian media to pick up the Scientology story.

    I will organise the translation of these materials.

    Lets Clear Macedeonia of Scientology abuses and fraud!
  2. Anonymous Member

    Re: MACEDONIAN TU, МАКЕДОНИЈА

    You might want some of the information on 'Bulgravia' it was scientology's bs plan to turn the South Slavic nations, Greece, and Albania into a single scientology only nation. The idea never got off the ground so only a few plans remain for getting a foothold into Albania. Nothing specifically on Macedonia but you could still use it to get nationalists on your side.

    The BULGRAVIA Project | Scientology Racism
    BULGRAVIA
  3. anonmacedon Member

    Re: MACEDONIAN TU, МАКЕДОНИЈА

    Nice find..shall lurk into it
  4. Thalkirst Member

  5. anonmacedon Member

    Re: MACEDONIAN TU, МАКЕДОНИЈА

    Translation (rough version) from sauce:

    HOW TO TALK TO A SCIENTOLOGIST
    cOOmplet eD

    Дали е задоволителен преводов?има грешки недостатоци?

    Уживајте

    темата е-


    КАКО ДА ЗБОРУВАШ СО СКИЕНТОЛОГ

    Луѓето се интересираат за тоа како едни Скиентолози остануваат а многу од нив и одат, така да помислив дека е добро да ви кажам зошто.
    Јас бев Скиентолог 27 години. Им дадов преку 200 000 долари од сопствените пари. Всушност , се до годинава се сметав себе си за Скиентолог.
    Има многу информации околу тоа колку деструктивна е Скиентологијата. Скиентологијата(организацијата) беше приморана милиони долари во оштета на луѓето која ги повредила. И покрај тоа, за овакви работи е речиси невозможно да разговараш со посветен Скиентолог. Се надевам дека ќе ви разјаснам зошто.
    Сигурно ке се прашате како одлучив да ја напуштам Скиентологијата. Притоа, претходно моите родители ме убедуваа да го направам тоа. Мојата сестра се обиде да ме наговори да ја напуштам . Моите пријатели исто. Никој не успеа.
    Јас не слушав никого што се обидуваше да ме отргне од Скиентологија. Се држев настрана од читање вести и од гледање телевизија. Никогаш не читав книги кои ја критикуваат Скиентологијата. Ионака мислев дека тоа се само празни лаги. Бев спремен да ја бранам Скиентологијата до смрт.
    Така да има некои работи кои НЕ сакате да ги правите додека разговарате со Скиентолог.
    Не им зборувајте за “наказните-гранични со лудило” работи. Повечето скиентолози не знаат за овие работи , и се тренирани (програмирани) да веруваат дека ако дознаат за овие работи прерано може да ги убие. Така да тоа комплетно оставете го настрана. Вас можеби ќе ве шокира и ќе сакате да го споделите со нив , но тие на тоа ќе гледаат како личен напад од ваша страна.
    Не им зборувајте дека не е религија. Скиентологот ќе ве исклучи во истиот момент кога ќе му го кажете тоа. Впрочем тие имаат лични искуства кои за нив преставуваат духовни и религиозни по природа. Доколку инсистирате на тоа дека тоа не е така, вие би ги нарекувале лажговци и би ги лишувале од нивните искуства.
    Скиентологот инвестира многу време од својот живот и речиси сите свои пари во нивната потрага по Скиентолошка целосна слобода. Сакам да го разберете тоа. Земете ме мене за пример. Речиси сите мои пријатели беа Скиентолози. Скоро сите пари отидоа за Скиентологија. Поминував до 20 часа неделно во просториите на црквата учејќи или во советувања, дури и кога имав вистинска платена работа. Мојот цел живот се вртеше околу скиентологија а не бев ни вработен таму. За вработените не постоеше друга работа.
    Си мислев дека живото го должам на скиентологијата. Дека доколку не сум ја пронашол би се уништил себеси со дроги или самоубиство. Се чувствував како да сум искусил лично откровение преку скиентологијата. За мене Скиентологијата имаше објаснување на се.
    Да ми кажеше некој дека не е религија тоа ке се судреше директно со тоа во кое јас верував, дури и поважно ќе се судреше со мојата инвестција. Ако не е религија, што направив со моите 200 000 долари и моите 27 години поминати таму, и сите тие сааати поминати во учење и советување? Тогаш ќе требаше да си признаам дека се е потрошено залудно, а немаше да го направам тоа само затоа што Вие така ми кажувате.
    Немојте да им кажувате дека Хабард е измамник лажов и бигамист и дека нипто што напишал за себе не е вистина. Скиентолог нема да ви поверува во тоа затоа што му е решено дека такви тврдења се лаги. Дека документите што ги докажуваат овие работи се фалсификат, фабрикација и матен заговор да се уништи Л.Рон Хабард и Скиентологијата и преку тоа да им се оневозможи пристап до целосната слобода која ја нуди Скиентологијата.
    Вие сте во ситуација “ми рече ти реков”. Всушност, без внимателно истражување може да пласирате неточнои информации што “црквата” намерно ги пуштила на нет за да им покаже на своите членови колку всушност истите се неточни. Така да Скиентологот сега ќе биде сигурен дека Вие сте нов нструмент на заговорот да се уништи Скиентологијата. И нема да ве слушаат понтаму.
    Немојте ни да им кажувате дека не функционира. За скентологот таа функционира. Тие се убедени во тоа.Тие ќе можат да ви посочат еден или повеќе примерикога им помогнала со нешто или направила да се чувствуваат подобро. Тие може и да имаат сеќавања од поранешни животи кои ги убедуваат во нивната духовна природа. Тие може да доживеале прекрасни нешта.
    Всушност сеуште верувам дека некои од работите во скиентологијата помагаат. Тоа е една од најтешките работи да се преболат и сеуште се справувам со тоа. Затоа што многу од пишувањата на Хабард идеата за помагање на луѓето, од бркање на сопствените соништа допираат до човековата добра страна.
    Тоа е многу примамливо и ако врз тоа имате и некаков успех, сигурно ќе и го препишете на скиентологијата.
    Но, јас малку истражував. И има една книга наречена "Hypnotism" напишана од G.H. Estabrooks во 1943. Во третото поглавје вели: "Има едно правило во Хипноза се што може да се постигне во транс може да се постигне со помош на постхипнотичка сугестија. Исто така се што постигнуваме со двете може да се добие со автосугестија..."
    Така да, тоа ме потикнува да верувам дека речиси се што се случува во скиентологијата што скиентолог го искусува и во кое верува е форма на само сугестиран резултат од автохипноза. Се што изгледа дека функционира или е позитивно се прави да биде поврзано со скиентологија, а се што е негативно е придавка на личен неуспех или недостаток на разбирање на скиентологијата. По што следи уште брдо учење да се поправи тој недостаток што повторно е еден вид на автохипноза.
    И секој надворешен предизвик на таа внимателно одржана транс состојба само ќе резултира со поголем и поголем отпор.
    Така да, Како да зборуваш со скиентолог?
    Прво, треба најнапред да не ти е сеедно. Треба да се грижиш за нив. Без разлика за тоа што ти мислиш за тоа во кое тие веруваат, треба да се грижиш(да ти е гајле) за нив.
    Отврли ја целата омраза и нетолеранција што можеби ја имаш и стани лицешто се грижи. Слушај ги. Потврди им дека им посакуваш само добри работи. Обезбеди им безбедно место да поседат или се преселат.
    Многу пати Скиентолозите не ја напуштаат црквата иако го сакат тоа , бидејќи немаат каде да одат или луѓе во кои имаат доверба да се обратат.
    Навистина е огромен личен момент да се напушти Скиентологијат. Некако треба да проголташ дека си направил огромна грешка и дека целото време и пари што си ги инвестирал се за бадијала. Треба да бидеш спремен дека ќе изгубиш пријатели(скиентолози), можеби дури и мажот жената или децата. Малкумина можат да го направат тоа додека другите(скиентолози ) им велат дека е грешка.
    Кажете им дека секој пат кога ќе посакаат да ве видат, да ви се јават и вие ќе им го платите патот. Не им велете "излези од црквата", туки " дојди да се видиме." Ако се јават, пратете им билет за авион или појдете да ги соберете. А ако се појават пред врата, не бидете изненадени , дадете подршка на тоа. Немојте едвај да чекате да го искористите нивното заминување во презентирање на купови информации критички настроени кон скиентологија. Можете да ги прашате на таа теме , но ие ќе имаат многу да џвакаат-размислуваат, така да тоа ќе потрае време. Дајте им простор да здивнат. Нека самите прашаат за информации или дозволете им самите да пребараат и дознаат на интернет.
    Ако сакаат да разговараат,дозволете им да се испразнат. Дозволете им да ви ги кажат своите искуства, добри или лоши. Зборувањето помага, особено кога лицето со кого разговарате не ве осудува за тоа.
    Внатрешниот конфликт е тоа њто ме отргна од скиентологијата. Така да ако сега разговарам со Скиентолог, би сакал да разговараме околу овие работи:
    Дајте им да ви објаснат околу моќите на оперативниот тетан, тоа се повисоките нивоа во скиентологијата. И тогаш поставете прашање дали тие знаат некој на тоа ниво што се раболел , добил рак умрел или едноставно ја напуштил црквата. Натерајте ги да размислат околу тоа како реалноста што ја гледаат се разликува од таа која е ветена. Ова важи и за луѓе кои со години биле во скиентологија. Кажете им дека сте збунети-ако вакви неверојатни моќи (оперативни тетани) постојат тогаш како е возможно да постојат критичари на Скиентологија. Зар не е можно Скиентолог од високото ниво едноставно да ги збрише од постоење?
    Натерајте ги да ви ги опишат идеалите на скиентолошката етика и како скиентолозите треба да бидат чесни. Прашајте ги дали познаваат некои скиентолози кои не ги враќаат долговите, кои имаат проблеми со плаќање кирија кои направиле многу во скиентологија но сепак се матни и вовлечени во интриги. Ако биле во скиентологија некој период сигурно знаат или виделе такви работи.
    Откријте дали биле сведоци на погрешна примена на етичка правда во скиентологијата, Натерајте ги да зборуваат околу тоа.
    Откријте што мислат оклу тоа што Хабардовите пишување се ревидираат после 15 години од неговата смрт. Дали тоа има некаква смисла за нив?
    Видете дали би зборувале за чувството дека –само до мене - проблемот, Скиентологијата функционира. Многу е вообичаено да луѓето со децении во себе се прашуваатзошто не ги добиваат очекуваните подобрувања ветени од скиентологијата, а притоа се спремни да ја бранат до смрт.
    Вакви видови прашања и терањето да размислуваат околу нивните искуства и тоа што го набљудувале , споредно со то а кое го учеле и верувале се клучот во разбивање на магијата под која се наоѓаат.
    Така да.. Мислам дека со Скиентолог треба да разговарате без осуда. Водете ги да ви раскажат за тоа што набљудувале кај пријателите скиентолози, организацијата, раководството, активностите споредбено со Хабардовите пишувања и ветувањат на раководството. На тој начин ќе ја подотворите вратата онолку многу колку да почнат да ги споредуваат своите верувања и искуства со оние на бившите Скиентолози.
    Откако тоа ќе се случи, дури тогаш можете да им помогнете. Но немојте да им сервирате информации со сила. Со читање на вистинските документи како што е посмртницата на Хабард и извештајот од некрологот околу присуството на опојни супстанци, изводот од судското вештачење, полицискиот извештај за случајот Lisa McPherson итн.. ќе можат да почнат да формираат слика за тоа што било криено од нив.
    Па, како да разговарате со скиентолог? Со грижа и разбирање. Тие нашле некаква причина да бидат во неа. Дајте им време место и материјали да најдат причина да не бидат во неа повеќе


    Michael Tilse (c) copyright Michael Leonard Tilse 2003
  6. anonmacedon Member

    Re: MACEDONIAN TU, МАКЕДОНИЈА

    So what did YOU translated so far?
    Dont start do eet

    do eet!
  7. Ogsonofgroo Member

    Re: MACEDONIAN TU, МАКЕДОНИЈА

    Keep up good project, needed!
    World-wide inoculations/education are primary reasonings imho.
    Co$ is scambling to find places not yet informed, we (whom evar the fk cares) must continue to support all international projects of this type. Cult is targeting Mr. Anywhere, making it hard to impossible for them is a worthy endeavour in my books, ankles, knees, hips,
    No shores to land,
    Will sink their ships.

    :)

    Rock on Slavanons!

    Protect yer peoples! Protects your minds!
    Eating caeks each day is fine!

    :D

    Oooo, to OP, getting the recent SPtime article out in various languages is uber-worthy imho.

    :)
  8. Anonymous Member

    Re: MACEDONIAN TU, МАКЕДОНИЈА

    Yep, he is the one that brought Scientology in Macedonia in 1997.

    His sister Zana Kostarova is the first Clear in Macedonia. Now she is running a WISE front group Practical Solutions (of course every staff is scientologist) in Macedonia, but the HQ of this Practical Solutions organization are in Holland and the owner is OTV Scientologist Mike Heyl.
    They are selling business consulting, administrative tech of course, and aim for the macedonian government. They already held some admin training and seminars for the Ministry of Information and Technology as well as for Ministry of Agriculture, if I am right.

    The husband of Zana Kostarova, Stefan Kostarov is the Mission Holder of Skopje Mission. The Skopje Mission's official name is Habardov Centar za Dijanetika i Skinetologija.

    Enough info for now...
  9. Anonymous Member

    Re: Факти за Анонимус и Скиентологија

  10. anonmacedon Member

    Re: MACEDONIAN TU, МАКЕДОНИЈА

    Translation Who is Xenu?
    sauce: Scientology Secret Revealed: The Xenu Story

    cOOmpleteD


    Кој е Ксену-Xenu?

    Ќе ви раскажам една приказна. Седите удобно? Добро тогаш ќе почнам.

    Многу одамна (75 милиони години да бидам прецизен) постоеше интергалактички господар наречен Ксену. Ксену беше одговорен за сите планети во овој дел на галаксијата вклучувајќи ја и нашата планета Земја, само што тогаш беше наречена Teegeeack.
    Но, Ксену имаше проблем. Сите од 76те планети што ги контролираше беа пренаселени. Секоја од планетите во просек имаше вишок од 178 билиони луѓе. Тој сакаше да се отараси од проблемот со пренаселеноста, па затоа направи план.
    Ксену превзема тотална контрола со помош на одметници, со кои ги победи добрите луѓе и Лојалните Офицери. Тогаш со помош на психијатри повика билиони луѓе за даночна инспекција каде што наместо тоа им се дадоа инекции со алкохол мешан со гликол за да ги парализира. Тогаш беа ставани во вселенски бродови кои изгледаа исто како авионите DC8 (освен што наместо пропелери имаа ракетни мотори).
    Овие DC8 вселенски авиони тогаш полетаа кон Земјата , каде што парализираните луѓе беа наредени околу кратерите на вулкани во бројки од стотици билиони. Откако завршија со редењето спуштија Хидроген бомби во вулканите. Ксену тогаш ги детонира наеднаш сите Хидроген бомби и во исто време сите беа мртви.
    Но, приказнава не завршува тука. Бидејќи сите имаа душа (наречени "тетан" во оваа приказна), мораа да ги измамат душите да не се враќаат повторно.Така да, додека стотици билиони души беа разнесувани наоколу од страна на нуклеарните ветришта, Ксену имаше специјална елекронска справа која ги заробуваше фатените души со помош на електронски зраци (електронските зраци беа лепливи како хартија за фаќање муви).
    Откако ги фати сите овие души ги спакува во кутии и ги однесе во неколку огромни кина. Таму сите души мораа да поминат денови гледајќи специјални3D филмови кои им кажуваа каков треба да изгледа животот и други збунувачки работи. Во овој филм прикажуваа лажни слики кои им велеа дека се Бог, Ѓаволот и Христос. Во приказнава тој процес се вика "имплантирање".
    Кога филмот заврши и душите го напуштија киното, поради фактот дека го гледаа истиот филм мислеа дека се ист човек тие започнаа да се претопуваат еден со друг. Тие се групираа во групи од неколку илјади. Е сега , затоа што имаше смо неколку живи тела тие останаа така во групи и ги населија тие тела.
    Што се однесува до Ксену, Лојалните Офицери конечно го победија и го заклучија во планините на една од планетите. Тој е сега чуван со помош на поле на сила кое е полнето од страна на батерија која никогаш нема да се испразни, Ксену до денешен ден е жив.
    Тоа е крајот на приказната. И така денес сите се полни со овие групи на души кои се нарекуваат "телесни тетани". И за да станеме слободни битиа, треба да ги отстраниме овие "телесни тетани" а да платиме многу пари за тоа. И единствената причина зошто луѓето веруваат во Бог Алах и Исус е поради филм кој нивните телесни тетани го гледале пред 75 милиони години.
    Па што мислите за приказнава?
    Што? ВИЕ мислите дека е глупава приказна?
    Епа и ние мислиме исто така. За жал оваа глупава приказна е сржта на “религијата” наречена Скиентологија. Ако луѓето знаеја за оваа приказна тогаш повеќето од нив немаше воопшто да се инволвираат во неа. Оваа приказна им е пренесена кога ќе стигнат на едно од нивните тајни ниво наречени ОТ III. После тоа, од нив се очекува да телепатски комуницираат со овие телесни тетани и да направат да исчезнат. Треба да платите многу пари за да стигнете до ова ниво (или треба да работите за организацијата многу напорно многу години за екстремно мала плата).
    Ние ви ја кажуваме оваа приказна како предупредување. Ако се замешате во Скиентологијата тогаш ние би сакале да го направите тоа со отворени очи и целосно свесни за видот на материјали што се содржани во верувањето.
    Повеќето од Скиентолозите кои работат по Дијанетичките центри и таканаречените " Цркви " на Скиентологија не ја знаат приказнава затоа што не им е дозволено да слушаат за неа се додека не го постигнат тоа “повисоко” ниво. Може ќе поминат многу години додека не го достигнат тоа ниво. А оние кои го дошле до тоа ниво и ја знаат приказнава, се принудени да ја чуваат како тајна и да не им ја кажуваат на оние кои се придружуваат на Скиентологијата.
    Сега откако го прочитавте ова ја знаете нивната голема тајна. Немојте Ние и Нашиов текст да ве спречуваме да им се приклучите.

    Знаењето е бесплатно, Скиентологијата не е !
    Operation Clambake - The Inner Secrets Of Scientology
    WWW.WHYWEPROTEST.ORG
    Ex-Scientology Kids
  11. Pentabarf Member

    Re: MACEDONIAN TU, МАКЕДОНИЈА

    ај досредете го знамево ја немам фотошууп :D

    800px-Flag_of_Macedoniasvg.png
  12. anonmacedon Member

    Re: MACEDONIAN TU, МАКЕДОНИЈА

    800px-Flag_of_Macedoniasvgcopy.jpg
    i edna varijacija na tema
    Untitled-2.jpg
  13. Anonymous Member

  14. Anonymous Member

    Re: Факти за Анонимус и Скиентологија

    Ова е вториот дел од материјалот од xenubarb:

    "ЏЕФ ХОКИНС (JEFF HAWKINS)
    Дали некогаш ќе достигнеме мудрост, слобода, исполнетост, просветлување? Никој неможе да каже. Со исклучок на гуру. „Следи ја мојата патека,“ вели тој, „и ќе имаш се.“ И не само за себе. „Следи ме,“ вели гуру-то,„и заедно може да му донесеме просветлување и слобода на светот.“
    Јас следев таков човек 35 години. Л Рон Хабард – учител, гуру, авантурист, маверик, писател на научна фантастика, предавач, мистичар, генијалец, измамник. Човек кој беше брилијантен, гласен, живописен, шармантен, плоден писател, хумористичен, поголем од животот, и некои би рекле, достаточно луд. Тој зрачеше со „харизма на сигурност“, како што би рекол Антони Стор (Anthony Storr). Тој, и само тој, ги имаше одговорите, магичниот клуч до вистинската духовна слобода за сите.

    Постепено станав свесен за темната страна на Скиентологијата. Страна која не требаше да постои таму. Бев сведок на фанатизам, суровост и злоупотреба која доаѓа од убедувањето дека сопствената хуманост на краток рок може да се жртвува за да се постигне долгорчната цел. На тој начин, овде, златниот сон се претвори во мрачен кошмар.
    Кампот ОГХ (OGH -Old Gilman House) се наоѓаше на североисточниот дел од имотот од 800 ари во Сан Хацинто, Калифорнија, познат на жителите како „Голден Ера Продукција“, но за вработените познат како „Инт База“, интернационалното седиште на Скиентолошката Црква, каде јас работев последните 15 години. А сега беше мој затвор.

    Никогаш не бев испратен во Силите на Проектот за Рехабилитација (RPF –Rehabilitation Project Force), но секојдневно работев со со нив за време на еден од моите присилни прогонства од Базата. Тоа беше група од 150 до 200 луѓе, кои работат во долните нивоа на „Големата плава зграда (Big Blue Building)“ во Лос Анџелес, и сите се облечени во исти сиви маици и црни фармерки. Надвор од очите на скиентолозите во јавноста, тие живееја и работеа во подрумот, спиејќи во бедни кревети, стиснати по 20-30тина во една соба. Тие работеа во дрвенаријата секој ден, правејќи мебел за „орг-овите“, Скиентолошките организации.

    Тие неделно примаа џепарлак од неколку долари, или воопшто, и не им беше дозволено за зборуваат со билокој надвор од групата. Никакви телефонски повици, ни радио, ни списанија, ни интернет, никаков контакт со надворешниот свет. Тие никогаш не ја напуштаа зградата. Некои од нив, како мојата пријателка Каролајн, беа таму повеќе од три години. Тоа беше буквално колонија од робови. Копенхаген, Северна Африка, на Карибите, Флорида.
    Мојата мајка, која живееше во Санта Барбара, почина во 1999. Со мојата ќерка изгубив контакт и не знаев каде се наоѓа. Мојот брат беше единствен жив од моето семејство. А со него неможев да зборувам, бидејќи тој сеуште беше во Скиентологијата, „јавен Скиентолог“ кој прима Скиентолошки услуги. Според Скиентолошката директива за прекин, јас како „Супресивна личност“ имам забрана за зборувам со него.
    А мојата жена Кејти? За мене беше засекогаш изгубена. Таа остана во Поморската опрганизација (Sea Org). Остана со мене за време на претходните три отпуштања од Базата, веруваше во мене и покрај постојаниот притисок да ме напушти. Но овојпат беше преногу. Сега ме отпуштаа од Скиентологијата, како Супресивна личност. Најпосле се предаде на притисокот и поднесе документи за развод. Или барем така ми беше кажано. Еден ден безбедносната гарда с епојави со документите з аразвод и ме натера да ги потпишам. Можеби и таа беше присилена да ги потпише. Но што друго би можела да стори? Последната ноќ што кја поминавме заедно, пред да мње испратат во ОГХ кампот, во темницата се држевме за раце, знаејќи што следува, гледајќи во празнината пред нас, во самотијата. Оттогаш немам прозборено со неа.

    Во Февруари 1999г., Наеднаш бев повикан во конференциската соба во Зграда 36. Мјуриел Дуфресне, која работеше како надворешен човек за Односи со јавноста за Базата, ме седна и потоа официјално ми кажа, „Твојата мајка почина“. Му телефонирав на Ким (братот). Ми кажа дека тој и жена му Кејти веќе се на пат за Санта Барбара за да ги средат сите работи. Кажа дека службата ќе се одржи следната сабота и дека му треба моја помош околу тоа. Му кажав дека ќе дојдам најбрзо што можам.

    Но, не можев да заминам. Морав да примам аудитинг. За да можам да одам, морам да поминам низ Безбедносна Проверка. Сесиите траеја и траеја, од ден на ден. Станував повеќе и повеќе очаен. Но ми беше кажано не, не можам да заминам, морав да го завршам аудитингот. Траеше 4 дена, четири фрустрирачки, излудувачки дена. Конечно, во петокот, ми беше дозволено да заминам.

    Имав ненормална главоболка, од моите коматозни, те-молам-пресечи-ми-ја-главата мигрени. Едвај гледав додека ги мотав електричните жици и ги носев во камионот што чекаше. Само сакав да биде готово, за да можам да спијам. Беше околу 2 часот наутро, и ние се пакувавме после прославата за Нова Година 2000 во ЛА Спорт Арена. Беше апсолутна катастрофа. Екипажот од Голд (Голедн Ера Продукција) работеа упорно за да го склопат настанот, но преовладуваше страв * некој ќе плати дебело за ова. Секогаш се доцнеше со планирањето на прославите, и секогаш беше масивна итност за сè да се заврши на време, ама оваа прослава ги премина сите граници. Мискевиџ одлучи дека оваа неможе да биде како која било друга прослава. Покрај сè, бевме на прагот на Новиот Милениум. Мораше да биде најголемата, невидена, најспектакуларна прослава видена дотогаш. Визијата на Мискевиџ инспирираше вистинска стравопочит. Тој, Дејвид Мискевиџ, ќе биде еден и единствен говорник. Тој ќе ја каже историјата на Скиентологијата, на животот и постигнувањата на Хабард. Тој ќе јаприкаже историјата на Скиентологијата низ 60те, 70те и 80те, покажувајќи ја експанзијата, успех за успех. И на крај, ќе ги прикаже сопствените триумфални победи „брилијантната менаџмент реорганизација, Златната Ера на Тех (Тех -технологија), невидената експанзија на Црквата под негово водство. Требаше да биде неверојатна лава од генијалност, пресвртен момент во историјата на Скиентологијата, со Мискевиџ во центарот на сјајот.
    Во неговата позадина, на огромни екрани, би течеле постојано фотографии, секоја прикажувајќи момент од таа историја. Би имало видео презентации на клучните моменти од приказната, околу 20 видеа сè на сè. Проблемот ебеше, некој требаше да ги најде сите овие фотографии. Некој требаше да ги напише сите тие сценарија. Некој требаше да ги едитира истите. Беше масовен проект со само неколку недели да се подготви сè. Прославата требаше да се пренесува во живо во сите орг-ови. Поминавме цела недела едитирајќи во Холивуд, составувајќи комплексна видео презентација која ќе прикаже околу 5 минути од дво-часовната презентација. Другите видеа беа правени во простории за едитирање во Лос Анџелес. Бевме будни деноноќно, дремејќи по неколку часа на смени на каучот во рецепцијата. На Божиќ, отидов во Кантерс (Canters) на „Божиќна вечера“. И продолживме. Но Кејти и јас не се грижевме. Имавме можност да бидеме заедно постојано. Всушност, ова беше единствениот Божиќ кој го минавме заедно во нашите 5 години од брак.
    ...
  15. Anonymous Member

    Re: Факти за Анонимус и Скиентологија

    ЏЕФ ХОКИНС (JEFF HAWKINS) продолжение:

    “Брзо го предадовме нашето завршено видео во ЛА Спорт арената, во приколката за едитирање. Други видеа пристигаа, некои дури и 5 минути пред самата прослава, поради што едиторите работеа избезумено за да вметнат и програмираат сè. Како што се ближеше почетокот на прославата, едвај се контролираше паничната атмосфера.
    Кејти и јас се сместивме во горното ниво. Гледавме додека Мискевиџ се дуе како паун на сцената на големиот аплауз и ја почнува својата презентација, сите светла и очи насочени кон него. Наскоро стана јасно дека нешто беше многу погрешно. Слитие на екраните не се совпаѓаа со тоа што тој го зборуваше. На моменти од непознати причини стануваа црни. Си го покрив лицето. Оф, ова ќе биде неуспех.
    Неккао прославата се придвижи нанапред, а сликите се бореа да останат во чекор. И конечно заврши. Публиката се разотиде, екипажот од Голд беше собран доле за да расчистат по прославата, да ја расклопат сцената, светлата, аудио опремата, и да ги натоварат во камиони. Како што течеше ноќта, јас се чувствував сè полошо и полошо, глават ми прскаше.
    Како што предвидев, бесот на Господ, или барем на Мискевиџ, се спушти над Базата. Целата База беше неетична и криминална. Секој требаше да прави „ниски состојби“. Сите слободи беа одземени. Сите дозволи за отсуство беа откажани. И овие правила останаа во сила до моментот кога ја напуштив Базата пет години подоцна.

    За да прочитате повеќе, посетете ја блог страната на Џеф, Лажни соништа.
    Counterfeit Dreams: Introduction
  16. Martina Member

    Re: MACEDONIAN TU, МАКЕДОНИЈА

    Zdravo na site! :D

    Prvo, sakam da vi kazham deka sum mnogu radosna shto go otkriv forumov, a i vas vo nego.
    Vtoro, prvoto zname e super! Mnogu mi se dopadna i me nasmea.
    I, last but not least, sakam da pomognam so tekstovite za temava. Ako imate zamislen koncept i sakate da se vklucham i jas, bi ve zamolila da go spodelite so mene :)

    Pozdrav!
  17. anonmacedon Member

    Re: MACEDONIAN TU, МАКЕДОНИЈА

    Поздрав до тебе и добредојде,

    http://forums.whyweprotest.net/262-europe/macedonia-47573/2/

    ^^this

    претпоследниот post...
    а ако најдеш нешто интересно, преведи го и постирај го овде... со нетрпение и добро расположение го очекувам твоето преведение
  18. Anonymous Member

    Re: MACEDONIAN TU, МАКЕДОНИЈА


    Твојата помош доаѓа во прав момент и е повеќе од добредојдена,било што да преведеш од овде ќе биде супер

    http://forums.whyweprotest.net/11-fliers-pamphlets/protest-fliers-pamphlets-megathread-20533/
  19. anonmacedon Member

    Re: MACEDONIAN TU, МАКЕДОНИЈА

    мартина фала за извонредната и обемна помош која толку несебично ја даде изминатиов период..ми беше особена чест и задоволство што имав привилегија да прочитам за твоето искуство и размислување околу култот на скиентологија:confused:
  20. ElenaP Member

  21. moarxenu Member

    Re: MACEDONIAN TU, МАКЕДОНИЈА

    I have no idea what you guise are saying. I am just glad you are fighting in Makedonia. Continue for great justice!

Share This Page

Customize Theme Colors

Close

Choose a color via Color picker or click the predefined style names!

Primary Color :

Secondary Color :
Predefined Skins